ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Функционерите си молчат и си ги „диплат“ високите плати, законот под тепих

Додека именуваните и избрани функционери продолжуваат да земаат за 78 отсто повисоки плати, ветеното донесување на Законот за усогласување на платите, а кој треба да им ги намали примањата, сè уште никаде го нема. Тој останува во подготвителна фаза и нема точен датум кога ќе биде доставен до Собранието.

Advertisements

Од ваквата ситуација веќе со месеци корист имаат самите функционери. Од Министерството за администрација и информатичко општество, кое го подготвува законот, велат дека нацртот е објавен на електронската платформа ЕНЕР уште од 5 јануари годинава. Сепак, министерот Алиу рече дека сè уште нема јасни правила и единствена методологија за пресметување на платите.

 

„Ова прашање е поврзано и со други министерства, така што интензивно работиме со средби. Верувам дека многу брзо ќе ја имаме готова финалната драфт-верзија. Има несогласувања меѓу различни институции. Како и да е, ние како држава мора да имаме Закон за плати. При овој процес ќе се креира закон кој ќе ја врши функцијата на основна рамка, потоа на ниво во институциите и описот на работното место ќе се креираат подфункции и поделементи кои ќе ги пресметуваат платите“, рече Алиу.

Додека решението за нивелирање на платите на функционерите доцни, синдикатите се жалат дека никако не се подобрува статусот на вработените во јавниот сектор…. Има случаи кога за исто работно место се добиваат различни плати со разлика и до 40%. Од дискусиите на социоекономскиот совет велат дека е прифатливо барањето на синдикалците при пресметка на покачувањето на платите според новата методологија, како основа да се зема просечната бруто плата во земјава. Но, државните органи се на идеја како основа да се зема минималната бруто плата, а потоа да се додаваат бодови. Сепак, Синдикатот оценуваат дека минималната плата е ниска во однос на зголемувањето на трошоците за живот.

„Четиричлено семејство со две минимални плати не може да ги покрие основните трошоци за живот за еден месец иако минималната плата е веќе зголемена за 2.000 денари. Но, платите на функционерите се зголемени за речиси 80%. Пресметано во пари, тоа значи дека тие имаат повеќе од три минимални плати“, велат од ССМ.

Пресметката и исплатата во институциите од јавниот сектор во моментов се врши врз основа на колективни договори, а во некои институции и со прописи.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button