
Во периодот кога Законот за солидарен данок е неизвесен дали ќе биде укинат од Уставниот суд, доза на солидарност се очекува да дојде од државните функционери. Надлежните најавуваат дека платите на избраните и именувани функционери ќе бидат коригирани со законски решенија. Откако над 1.060 државни службеници добија 78% зголемување на платите пред 7 месеци, од секторот за економски прашања на Владата ќе подготвува нацрт-закон за нивно намалување, но колкаво ќе биде сè уште не е познато.
„Добивме задача од Владата да формираме работна група за Законот за плати на функционерите составена од неколку министри. Таа група ќе треба да работи на нов закон за плати на избрани и именувани лица, со цел да се донесе пофер решение и да се ослободат дел од средствата. Од клучно значење е да бидеме солидарни во одредени моменти“, рече Битиќи.
Имајќи во предвид дека парите од солидарниот данок, поточно околу 90 милиони евра од компании кои оствариле екстра добивка, се под знак прашање, парите кои евентуално би се намалиле од примањата на функционерите се очекува да бидат наменети за најранливите категории граѓани преку новиот пакет антикризни мерки. Досега над 9 милиони евра се потрошени само за зголемувањето на платите за 78%, додека на годишно ниво, ако примањата им останат толкави, би се потрошиле 15 милиони евра. Според експертите, овие трошоци се скандалозни. Универзитетскиот професор Сами Бислими, смета дека функционерските плати треба да се зголемуваат исто како и кај јавната администрација.
„Како е можно во вакви услови на буџетски дефицит, кога економијата на земјата има минимален раст, да им се зголемат платите на функционерите за 78%?! Ова е аморалност и крајна несериозност за економската состојба во земјата, за економските услови на граѓаните и создава многу голема поделба со работниците“, рече Бислими.
Платите на функционерите се зголемија откако Уставниот суд на 21 март донесе одлука за укинување на еден член. Од април основ за пресметување на нивните плати стана просечната плата. Според оваа методологија и од јануари следната година платите на министрите, замениците, градоначалниците, судиите, обвинителите и другите избрани и именувани функционери ќе се зголемат за дополнителни од 300 на 500 евра.
Во меѓувреме, од септември пензиите се зголемија за 5,3 отсто, а платите во јавниот сектор за 10 отсто.
Аднан Ќаили