ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Габер-Дамјановска поднесе оставка

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители поднесе оставка. Ваквиот потег, според неа, се должи на политичкиот притисок и контрадикторната одлука на Управниот суд. По прекинот на тестирањето на 130 кандидати кои требаше да станат судии и обвинители, Наташа Габер-Дамјановска смета дека нема што повеќе да бара на чело на академијата.

Advertisements

Образложение на оставката на Наташа Габер-Дамјановска:

„Неодамнешните горчливи искуства преку нестручната постапка на  Антикорупциската комисија и секако потегот на Управниот суд и Високиот управен суд, вклучително и неодамнешната реакција на иницијативата на Антикорупциската комисија, докажаа дека не се работи за право и правда туку само за политичко влијание“.

Образложувајќи ја оставката, Габер-Дамјановска заклучува дека на Академијата и е потребна систематска поддршка, а не притисок и политички мобинг од надвор. Управниот суд со судска одлука оцени дека тестирањето во форма која не е предвидена со закон, односно не е по електронски пат туку во писмена форма е спротивно на законот и не може да се примени. На 22 ноември 2022 година Габер-Дамјановска е реизбрана за уште еден мандат на чело на академијата. Нејзината оставка стапи на сила денеска. Сега Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ треба да објави конкурс за нов директор.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button