МАКЕДОНИЈА

Габер Дамјановска: Внимателно постапување при евентуален ветинг

Директорката на Академија за судии и јавни обвинители, Наташа Габер Дамјановска, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, вели дека при евентуален ветинг во правосудството, постапката треба да се спроведува внимателно, оценувајќи дека таквата постапка во Албанија оставила простор за одредени забелешки.

Advertisements

„Гледајќи од искуството на колегите од Албанија, сигурно не би посакала таков вид на ветинг каков што се случи во Албанија, бидејќи освен оние лица, коишто можеби со право беа тргнати од правосудниот систем, настрадаа и лица коишто можеби не би требало да заминат од своите функции. Така што, мислам дека треба да се прави внимателно, ако се смета дека треба да се направи“, вели Габер Дамјановска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button