ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Габриел Ескобар во Скопје на средби со државниот врв и лидерот на опозицијата Мицкоски

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар денеска доаѓа во дводневна посета на Северна Македонија. Ескобар денеска ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, а се очекува да има средби и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Advertisements

Доаѓањето на Ескобар во Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

Високиот американски дипломат во дебата за Западен Балкан во Конгресот на САД, одржана во текот на јули годинава, изјави дека САД силно го поддржуваат процесот на уставните измени и се ангажирани со новата влада во Софија да осигураат дека нема да поставува нови барања на европскиот пат на земјава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button