СПОРТФУДБАЛ

Гакпо, може да го сруши рекордот на Марко Ван Бастен и Патрик Клајверт

Коди Гакпо игра во одлична форма на Европското Првенство во Германија и досега постигна три гола, а Холандија успеа да се пласира во четвртфиналето и ќе одигра најмалку уште еден меч на турнирот.

Advertisements

„Лалињата“ во следната фаза ќе се сретнат со Турција и ќе ја имаат фаворитската улога, а напаѓачот на Ливерпул има можност да го сруши рекордот на легендарните Марко Ван Бастен и Патрик Клајверт, кои имаат постигнато по пет голови на еден континентален собир.

За нив е Руд Ван Нистелрој со четири гола, а Гакпо ќе има шанса со уште едно добро издание да стане најефикасен холандски фудбалер на едно Европско првенство. Натпреварот против Турција ќе се одигра на шести јули, со почеток во 21:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button