СПОРТФУДБАЛ

Галата без Икарди на мечот против Баерн Минхен во ЛШ

Аргентинскиот напаѓач на Галатасарај, Мауро Икарди, ќе го пропушти натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, пренесува „Goal Turkiye“.

Advertisements

Поранешниот капитен на Интер нема да игра поради повреда заработена при победата од 2-1 над Бешикташ во турската лига. Икарди го постигна победничкиот гол за својот тим на ова истанбулско дерби. Аргентинецот има 10 голови и една асистенција на девет натпревари оваа сезона во турската Суперлига.

Натпреварот од третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите меѓу Галатасарај и Баерн ќе се одигра утревечер во Истанбул. Двата тима се на првите две позиции во групата. Баварците имаат 6 бода, а Турците два помалку

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button