
Знаевме дека турските клубови се богати и даваат големи пари за големи ѕвезди, но она што го понуди Галатасарај за Виктор Осимхен ги надминува сите досегашни понуди.
Турската лига не е премногу атрактивна за најдобрите фудбалери во светот и често тие одат таму кога ќе го поминат врвот на кариерата. Турците даваат големи пари за такви играчи, но Галатасарај со новата понуда ги надмина сите.
За Виктор Осимхен, еден од најдобрите голгетери во светот, Галатасарај му понуди на Наполи 60 милиони евра. Италијанците ја одбија понудата, а ако турскиот клуб најде уште 15 милиони, ќе ја активира клаузулата што постои во договорот на Нигериецот и тогаш Наполи ќе мора да ја прифати понудата.
Осимхен го сака и Јувентус, а Наполи е решен да го пушти по цената на откупната клаузула. Ал Хилал исто така е клуб кој се интересира за напаѓачот. Виктор минатата сезона беше на позајмица во Галатасарај и постигна 37 голови во сите натпреварувања. Инаку, договорот со Наполи му истекува и ова лето е последно во кое Наполи може да заработи од неговото заминување.