ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Галиите од „Скопје 2014“ скапуваат во Вардар

Дел од објектите во рамките на проектот „Скопје 2014“, денес играат сосема поинаква улога. Еден од бродовите лоциран на реката Вардар, наречен „Радост“, воопшто не пренесува такво чувство. Останува само структурата, која наликува на брод напуштен од екипажот.

Отстранувањето на еден од бродовите што се наоѓа на реката Вардар, поточно тој што е во близина на Министерството за надворешни работи и за кој се водеше судски спор, се уште се чека. Овој објект, кој е веќе уништена и е во катастрофална состојба, претворен е во засолниште за бездомници.

Немајќи друго место, четиричлено семејство го направило овој брод свој „дом“, бидејќи рекоа дека немаат друго место за престој.

Граѓаните велат дека е за жалење состојбата во која е оставен овој брод. Според нив, тоа е непријатна глетка за жителите на главниот град, но и за туристите.

Од Град Скопје не одговорија на нашите прашања, за судбината на овој брод, дали ќе остане во ваква состојба на таа локација или ќе биде отстранет. Договорите за користење на бродовите што Град Скопје ги има потпишано со одредени фирми истекуваат во 2035 година, во случај на еднострано раскинување на овие договори Градот мора да плати отштета од околу 6 милиони евра. Студијата на УНДП за влијанието на овие бродови врз речниот тек, спроведена заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи, покажа дека од распоредувањето на бродовите протокот на реката Вардар е намален за 1/3. Бродовите во Вардар беа дел од проектот „Скопје 2014“ реализиран за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button