ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Галуп интернешенел: Граѓаните очекуваат 2023 да биде полоша или иста како годинава

Во пресрет на 2023 година, очекувањата на јавноста за иднината низ целиот свет се невообичаено различни и светот изгледа многу помалку обединет отколку во претходните години. Преовладува песимизмот, се чини дека економскиот просперитет исчезнува, а стравувањата од употреба на нуклеарно оружје се на невидено ниво. Иако традиционално преовладува личната среќа, како целина во светот таа е пониска од претходно.

Advertisements

Ова се дел од наодите во истражувањето на меѓународната асоцијација „Галуп интернешенел“ за крајот на годината што традиционално се спроведува последните децении.

Во земјава, 80 проценти од анкетираните очекуваат 2023 да биде полоша или иста како претходната година. Над половина (57 проценти) очекуваат година на економски потешкотии но, на личен план речиси половината се изјасниле дека се чувствуваат среќно.

На прашањето: “Што се однесува до Вас, дали сметате дека 2023 година ќе биде подобра, полоша или иста со 2022 година?”, 14% од анкетираните граѓани се изјасниле дека ќе биде подобра, 44% рекле дека ќе биде полоша, 36% дека ќе биде иста како 2022, а 6% не знаеле/немале одговор.

Очекувањата за економијата, се посочува, исто така, покажуваат постојан раст на загриженоста. Сега 21% од луѓето очекуваат економски просперитет за нивната земја во годината што доаѓа, речиси половина (48%) се подготвени за економски тешкотии и четвртина сметаат дека 2023 година ќе биде иста како 2022 година. Останатите не можат да проценат.

-Овие ставови го продолжуваат негативниот тренд за надежите за економски просперитет, кој започна пред неколку години – во 2016 година беше забележана точка на прекршување и 2020 година со пандемијата „Ковид-19“ се чинеше дека е година со најлоши очекувања по кризата во 2008 година. Но, сега ставовите изгледаат многу слични или дури и полоши од оние на крајот на 2020 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button