ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Што се случува со ДУИ? Ганиу и Беџети склучуваат договор со Арсовска

Првиот човек на општина Чаир, Висар Ганиу, во изјава за Алсат истакна дека соработката со Град Скопје на локално ниво, главно со Данела Арсовска е коректна, додавајќи дека ќе предложат двајца директори, пишува Алсат.

Advertisements

Се очекува Саид Саиди и Зухејр Реџепи да ја преземат функцијата во Град Скопје.

Зухејр Реџепи, беше предложен од Блерим Беџети.

„Соработката со Арсовска на локално ниво откако бевме избрани за градоначалници беше многу коректна и од нас беше побарано да обезбедиме двајца директори. Заради коректност и добра соработка ќе ги предложиме овие имиња“, изјави за Алсат, Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаири.

ДУИ се огради од овој предлог, бидејќи Ганиу доаѓа од оваа општина како градоначалник на Чаир. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button