Ганиу: Никој не ми се извини за заканите по живот

Васар Ганиу, нема да поднесе приватна тужба против Мухарем Хасани, кого го обвинува дека му се заканувал . Ганиу за Алсат вели дека тој и неговите адвокати се изненадени што државата не презема мерки иако функционер пријавил дека добил закани по неговиот живот. Градоначалникот на Чаир вели дека ваквите постапки докажуваат дека правдата и институциите во земјата се нефункционални.
„За жал, ова е само уште една констатација дека судството е заробено, правдата е заробена и работи селективно.. Затоа јас, пред јавноста, бидејќи имаше многу голем интерес, сакам да информирам дека приватна тужба не поднесува Висар Ганиу, бидејќи јас сум службено лице, и тоа морало да биде по службена должност да се направи таа вечер, и да се преземаат мерки“, рече Ганиу.
Ганиу додава дека неактивноста на институциите, и барањето на обвинителството Ганиу да поднесе приватна тужба докажува дека постапките се направени по нарачка. Тој додава дека досега никој не контактирал со него за да му се извини, и да има смиреување на тензиите меѓу функционерите на ДУИ.
„Ова покажува дека кога имаат храброст да му се закануваат на градоначалникот со ликвидација, замисли на граѓаните што може да им се случи во овие моменти, кога знаете дека има несогласувања во партијата или различни мислења. Но, различните мислења ги квалификуваат поинаку и почнале со притисоци, знаете, со разрешувањето на директорите, со промената на местата. Но, во оваа форма сум убеден дека тие не го избраа вистинскиот пат, и оваа форма покажува дека постои паника, постои недоверба и таа ќе се појави и ќе се оствари многу наскоро“, додава Ганиу.
Минатата недела, градоначалникот на Чаир, околу 21.30 часот вечерта, го пријавил во полиција кандидатот за градоначалник на ДУИ во Бутел, Мухарем Асани, поради закана. Ганиу рече дека добил телефонски повик од Хасани, велејќи му дека „тој и Изет Меџити ќе бидат пронајдени смачкани на улица“. Изјавите на Висар Ганиу ги негираше Мухарем Хасани, кој на социјалните мрежи напиша дека обвинувањата против него се невистинити.
Мефаил Исмаили