ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гаши апелира да се истражи случајот со заканите кон пратениците на ДУИ

Гаши апелира да се истражи случајот со заканите кон пратениците на ДУИ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши соопшти дека пратениците на ДУИ добиле електронски пораки со закани од непознат испраќач. Гаши бара надлежните институции да го истражат инцидентот и да ги откријат лицата кои стојат зад овие закани.

Advertisements

„Претседателот на Собранието најостро осудува секаков облик на закана, обид за насилство или поттикнување насилство. Пратениците се избираат директно од граѓаните и слободата на говорот е неприкосновена, не смее да ја загрозува слободата на другите. Анонимноста во испраќањето такви пораки или на социјалните мрежи може да му даде на испраќачот чувство на неказнивост, но треба да признаеме дека нашите институции се активни и способни. Претседателот Гаши е убеден дека испраќачот ќе биде идентификуван и санкциониран“, се вели во реакцијата на кабинетот на спикерот на Собранието.

Реагираа и од ДУИ. Велат дека ДУИ цврсто стои зад своите принципи и нема да дозволи овие закани да ја разнишаат нејзината посветеност за правда, мир и стабилност во нашата земја.

„Сведоци сме на сериозни закани и насилни пораки упатени до пратениците на ДУИ, кои не само што се закана за нашите членови, туку и директен напад врз вредностите и демократските институции на нашата држава. Со измислени обвинувања и насилни дејствија се обидуваат да се оттргне вниманието на јавноста од реалните проблеми и катастрофалните резултати на политиките на власт“, се вели во реакцијата на ДУИ.

Партијата на Ахмети ги повикува надлежните институции да ги истражат овие инциденти и да ги изведат пред лицето на правдата сите одговорни. /alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button