Гаши, Меџити и Касами бараат заедно со уставните измени да се расправа и за албанскиот јазик и корупцијата

Претседателите на Алтернатива, Движењето Беса, и Демократското движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити денеска на заедничка прес-конференција пред Собранието побараа итно да се стави на гласање потребата од промена на Уставот, со цел да се помине што побрзо првата фаза на уставните измени и како што велат, да влеземе во суштински процес на тие измени. Заедно со ова, тие од претседателот на Собранието Талат Џафери, побараа да ги стави и амандманите за, како што се вели во изјавата, за измена на навредливото именување на 20 проценти за албанскиот јазик, како и амандманот против застареност на случаите на политичка корупција.
– Ги повикуваме сите пратеници, без разлика на нивната политичка, етничка и идеолошка припадност, итно, без дискусија и без никакво одлагање, да гласаат за потребата од промена на Уставот и предложените амандмани. На овој начин, сите ние докажуваме на која страна сме и која е нашата стратешка определба, рече претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.