МАКЕДОНИЈА

Гаши: Не е добро како Собрание да вршиме интерпелација на претседател на Уставен суд

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на неделниот брифинг со новинарите истакна дека на денешната координација со координаторите на пратеничките групи преовладувала перцепцијата дека не е добро Собранието да врши интерпелација на претседател на Уставен суд. Ова го истакна Гаши за интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Дарко Костадиновски, која е ставена на дневен ред на 59. собраниска седница закажана на 9 јули, поднесена од пратеничката група на Европски фронт.

Advertisements

-Се отвори прашањето за интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд. Ние ја ставивме како точка на дневниот ред. Имаше дискусија дали сме постапиле добро, дали е во ред или не, што е нормално. Наша и моја дилема како Собрание, како кабинет и ка ко служба. Ние се водевме по членот 72 од Уставот и 47 од Деловникот на Собранието каде се вели „интерпелација може да се покрене за секој носител на јавна функција“. Сега ние како Собрание мораме да го процесираме тоа. Од друга страна зборуваме за судска власт и тоа остана тема која ќе ја видиме. Можеби некој од пратениците ќе бараат таа точка да се тргне од дневниот ред. Главно, на координацијата со координаторите на пратеничките групи преовладуваше перцепцијата дека не е добро како Собрание да вршиме интерпелација на претседател на Уставен суд. Ќе видиме како ќе одлучи пленумот, рече Гаши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button