Гаши нема да свика седница за законот за бранители
Гаши нема да свика седница за законот за бранители
Ниту првиот човек на Собранието Африм Гаши не ја свика седницата на Комисијата за социјални работи во Собранието за расправа за законот за бранители, откако вчера и претседателката на комисијата Илире Даути не одржа комисија и рече дека се додека таа е на чело на комисија овој закон нема да биде на дневен ред. Но, со новиот Деловник се предвидува дека доколку комисијата не се свика во рок од 24 часа ќе се смета дека е одобрена потребата од измена на законот, и седницата во тој случа ја свикува првиот човек на Собранието. Од кабинетот на Гаши пак велат дека претседателот на Собранието не може да свика седница која претходно ја отворил претседателот на комисијата.
Од коалицијата ВЛЕН велат дека критиките кон Гаши може да продолжат, но законот за бранители нема да помине во сегашната форма.
„Овие обвинувања ќе бидат континуирани, но овој закон, се додека не се земе предвид ставот на албанските политички партии, конкретно на коалицијата ВЛЕН за инкорпорирање на поранешните војници на ОНА во овој закон, овој закон нема да помине и покрај обвинувањата што ги прават другите“, рече Ријад Шаќири, ВЛЕН.
Според ВМРО ДПМНЕ со законот се прави обид да се привлече внимание.
Европскиот фронт и ВЛЕН се обвинуваат меѓу себе кој помогнал законот да се најде на дневен ред со обезедување кворум на седницата.
Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства, познат како Закон за бранители, го предлеожи Славјанка Петровска од СДСМ. Тој предвидува поголеми финансиски суми за поранешните припадници на безбедносните сили и нивните семејства./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши