ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гаши се сомнева дека ќе има уставни измени

Моите информации се дека уставните измени нема да поминат, бидејќи самиот начин на кој е донесен предлогот во Собрание зборува за тоа дека на владејачкото мнозинство не му е умот во тоа дали ќе поминат уставните измени, туку да ја стави опозицијата во искушение и тоа да има влијание врз наредниот изборен резултат.

Ова во интервју за порталот „Локално“ го изјавил лидерот на опозициската Алтернатива, Африм Гаши.

Говорејќи од личен аспект, лидерот на Алтернатива вели дека би сакал уставните измени да бидат усвоени, но како што нагласи, тоа не зависи од бројот на пратеници од неговата партија.

„Што се однесува на нашиот став околу уставните измени, за конечниот начин на гласање на нашите пратеници ќе одлучат партиските органи, но фактот што Владата не го зеде во предвид нашиот предлог за уставниот амандман за борба против корупција или, пак, не сакаше ниту да слушне за доследното именување на албанскиот јазик во Уставот и отстранување на навредливиот еуфемизам 20 отсто е доволен показател за пристапот кој го има оваа Влада кон уставните измени и воопшто, кон интеграцискиот процес – не сака меѓуетничка кохезија, не сака борба против корупцијата, а во меѓувреме глуми европска интеграција. Останува на 18 август ова да се потврди“, вели Гаши во интервјуто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button