МАКЕДОНИЈА

Гаши сведочеше за настаните во Собранието од 27 април

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, продолжува судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.
Пратеникот Африм Гаши, како сведок повикан од одбраната, рече дека бил координатор на пратеничката група Беса и учествувал на координативниот состанок пред конститутивната седница.
– На 27 април преку ден бев во Собранието и попладне не можев да присуствувам, но знам дека собиравме потписи за продолжување на конститутивната седница во петок, рече Гаши.
Прашан дали спикерот Трајко Вељановски ускратил нечие право на збор, Гаши рече дека тој се држел до Деловникот на Собранието.
Во однос на пеењето на пратеникот Зеќирија Ибраими, Гаши рече дека никогаш не се зборувало за такво нешто.
Следен е сведокот Сања Угриновска Спасеновска.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button