Гаши: Во услови на криза, политичарите мора да соработуваат

Претседателот на партијата Алтернатива, во вечерашното гостување во емисија „Патот кон…“ на Алсат, ја истакна важноста за државата од соработката на политичките субјекти во услови на криза. Тој во оваа прилика ја нагласи економската криза и социјалната сосојба на граѓаните, нагласувајќи дека идеолошката битка треба да се остави за подоцна.
„Додека бродот се соочува со силни ветрови во морињата и океаните, за нас е важно бродот да дојде до брегот. Тоа значи надминување на кризата, како земја во транзиција и ставање на работите во колосек, а потоа можеме да правиме чиста идеолошка битка. Но, во ова време кога луѓето имаат проблеми со сиромаштијата, имаат проблеми како да го поминат месецот, недостасуваат плати, ги гледате сите овие штрајкови што ги прават различни сектори, сето тоа покажува дека државата е во длабока криза. Затоа, мислам дека кога е во прашање општиот интерес на граѓаните, политичарите треба да имаат задолжителна соработка, а тоа го прави Алтернатива“, изјави Гаши.