ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гаши за Алсат: Владина делегација лично со Груевски договaраше амнестија

Претседателот на Алтернатива Гаши во интервју за Алсат рече дека измените на Кривичниот законик се прават за да се амнестира Груевски и да се обезбеди поддршка за уставните измени. Тој обвини дека владина делегација била во Будимпешта и договорала лично со Груевски за кои предмети да биде амнестиран.

„Нашите информации се дека измените на Кривичниот законик била договорена во Будимпешта и дека владина делегација и високи преставници на Министерството за правда отишле таму и заедно со Груевски ги разгледале предметите каде тој е осуден во отсуство и и обвинет и ги разгледувале можностите како со овие измени во Кривичниот законик тој да може да се врати во Македонија. За оние предмети за кои е  осуден да се повтори судскиот процес а за другите да се амнестира или да застарат“, вели Гаши.

Гаши рече дека по изгласувањето на измените во Кривичниот законик се срами што е пратеник.

„Нашите информации се дека се прави игра што не е чесна воопшто, под превезот на уставните измени се сака да се врати Никола Груевски, тој кој го започна уништувањето на Македонија, нај анти- албанскиот премиер кој постоел некогаш, сите знаеме како ги поминаа Албанците тие 10 години, колку злосторства, колку монтирани процеси,  беа со потписот на тој премиер и сега некој да се обиде да го донесе тука бидејќи сака да прави раздор во друга партија за изборни причини и да остане и понатаму на власт, мислам дека се допре веќе дното, мислам дека после ова што го направи мнозинството и сите пратеници кои ги гласаа промените во Кривичниот Законик, мислам дека се предизвика цунами на разочарување на граѓаните и тоа не допре и нас, лично сум засрамен што сум политичар и пратеник“, вели Гаши.

Гаши тврди дека Ахмети ги молел меѓународните претставници за амнестија на Никола Груевски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button