ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Гази Бабa – 385 претставки за штети на земјоделски површини и земјоделски култури

Повеќе од 10 дена по поројниот дожд и град кој го уништи родот на голем број земјоделци во повеќе населени места во општина Гази Баба, комисијата на терен ги констатира штетите.

Advertisements

Само во оваа општина досега се пристигнати 385 претставки за штети на земјоделски површини и земјоделски култури.

Од оваа општина велат дека за барањата во соработка со Министерството за земјоделство формирале три комисии кои се на терен и ја констатираат моменталната состојба.

Според општината, по увидот на терен ќе биде изготвен записник за настанатите штети и потоа граѓаните ќе бидат обесштетени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button