СПОРТФУДБАЛ

Генералниот менаџер Емир Шабани, не e веќе дел од Шкупи

Генералниот менаџер на Шкупи, Емир Шабани, соопшти дека се повлекува од клубот. Тој својата одлука ја објави на социјалните мрежи.

Advertisements

„Сакам да информирам дека веќе нема да бидам дел од Шкупи и да ја извршувам функцијата генерален менаџер на клубот. Сакам да ја искажам мојата благодарност до ФК Шкупи и до сопственикот Олгун Ајдин за неговата доверба и укажаната можност да менаџирам со престижен клуб како што е Шкупи. Благодарност за соработката до стручниот штаб, играчите и до сите вработени во клубот, а секако и посебна благодарност до навивачката група „Шверцери“. Му посакувам на клубот многу успеси и напредок во иднина“, се вели во објавата на Шабани на социјалните мрежи.

Ова е вторпат Емир Шабани да се одлучи да замине од Шкупи, но првиот пат брзо се премисли и се врати на Чаир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button