ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Генералниот секретар на НАТО во дводневна посета на Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг попладнево пристигнува во дводневна посета на Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан.

Официјалната посета, како што е најавено, Столтенберг ќе ја започне во Владата проследена со заедничка прес-конференција со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски. Генералниот секретар на НАТО, попладне ќе се обрати и пред пратениците во Собранието, во рамки на 132-та седница, по што ќе биде примен од Претседателот Стево Пендаровски во неговиот Кабинет.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button