ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Геодетите контра Тунџев: Поскапувањата во Катастарот не се до 30%

Првиот човек на Комората на геодети, Никола Рибароски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, ги отфрли тврдењата на директорот на Агенцијата за Катастар, Борче Тунџев, дека поскапувањата за издавање на одредени податоци од Катастарот изнесува 25-30 проценти.
„Апсолутно негирам дека поскапувањето е од 25-30 нсато. Тоа е некој просек на целиот тој тарифник. Поскапувањата се драстично, енормно големи и пак ќе повторам – нерезонски“, вели Рибароски.