СПОРТФУДБАЛ

Георги Мамардашвили, со најмногу одбрани во Евро 2024

На Европското првенство Грузискиот голман Георги Мамардашвили, досега запиша 20 одбрани и е убедливо прв во таа категорија пред Флорин Нита од Романија кој има 13, а на листата подоле следат Ангус Гун од Шкотска и италијанецот Донарума со по 12.

Неговите одлични настапи на првенството се само дополнителна причина Валенсија скапо да го продаде и добро да заработи. Најавите се дека трансферот би изнесувал околу 30 милиони евра.

Засега не е познато каде Мамардашвили би ја продолжил кариерата, иако претходно имаше контакти со Баерн Минхен кој полека размислува за наследник на Мануел Ноер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button