ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Георгиев: Успеавме да спречиме ЕП да биде искористен за домашната политичка пропаганда на Мицкоски

Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев вели дека со отстранувањето на „македонски јазик и идентитет“ од извештајот за С Македонија во Европскиот парламент (ЕП) Софија успеала да спречи ЕП да биде искористен за домашна политичка пропаганда на премиерот на земјава Христијан Мицкоски.

Advertisements

Нарекувајќи го „северномакедонски премиер“, Георгиев во денешното гостување во утринската програма на БТВ, изјави дека Мицкоски очигледно не бил воодушевен од развојот на настаните во неговата земја и почнал да води битки на надворешен план кои, како што оценува буѕгарскиот министер за надворешни работи, се покажуваат како јалови.

Според него, властите во земјава го довеле Европскиот парламент во исклучително непријатна и незавидна позиција да бара изговори, но како што додава, Бугарија не треба да се заблагодарува или да се радува на исходот, бидејќи Софија ја поддржува земјава на нејзиниот пат кон европската интеграција.

Според неговите оценки, македонскиот премиер Христијан Мицкоски спроведувал „кризен пи-ар“, веројатно за да се оправда пред сопствените граѓани за неисполнетите ветувања, односно како што вели Георгиев, затоа што ги излажал.

„Верувам дека граѓаните на РСМ, кои го заслужуваат своето членство во ЕУ и заслужуваат лидери кои можат да ги водат кон тоа, можат да разликуваат што е реално на патот на европската интеграција и што ги оддалечува од неа“, додава министерот за надворешни работи на Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button