МАКЕДОНИЈА

Георгиевска: Доследно почитување на Декларацијата од Собранието во преговорите со Бугарија

Со Бугарија да не се дискутира само врз основа на историјата туку преговорите да се водат и пошироко, за културата, образованието и сл. Вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон…“ на Алсат, пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска. Сепак, додава таа, Декларацијата донесена во Собранието, ќе се почитува доследно.

Advertisements

„Сметам дека ова се начините и правците каде треба да се движат разговорите и секако ќе одат во таа насока. Она за што не се дискутира и нема апсолутно никакви отстапки се нашиот идентитет, нашиот јазик, нашата посебност која воопшто не е дискутабилна и нема отстапување од она што сме го донесле како Декларација во Собранието“, рече Георгиевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button