ЕКОНОМИЈА
Георгиевска: Комисија предводена од опозицијата не закажува расправа за клучен антикризен закон

Пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат реагираше што новиот пакет антикризни мерки, коишто се однесуваат на ранливи категории на граѓани сѐ уште не е влезен на разгледување во матичната комисија, предводена од опозицијата.
„20-ттина дена е поминато откако е дадено како предлог од Владата до Собранието, меѓутоа, еве и после 20-тина дена Комисијата за финансирање и буџет, сѐ уште не е закажана. Да знаат граѓаните дека Комисијата за финансирање и буџет ја предводи опозицијата, односно пратеник, претседател, којшто е од опозицијата“, вели Георгиевска.