МАКЕДОНИЈА
Георгиевска: Парламентарното мнозинство е стабилно, владиниот состав е легитимен

Парламентарното мнозинство е стабилно и владата може да го заврши две и пол годишниот мандат, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот Кон“, Марија Георгиевска од СДСМ. Како што вели таа, составот на новата влада е сосема легитимен за носење на одлуки.
„Составот на новата влада е конципиран врз основа на она што се постигна како договор заедно со приклучувањето на Алтернатива. Сметам дека новиот состав на владата е сосема легитимен за носење на одлуки и движењето на државата во наредниот период, најмалку од две и пол години, колку што очекуваме да биде до крај на владиниот мандат“, вели Георгиевска.