ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Георгиевски: Училиштата, градинките и домовите на културата се безбедни

Георгиевски: Училиштата, градинките и домовите на културата се безбедни

Училиштата, градинките, домовите на култура, спортските сали или сите други места каде што младите во нашата земја се собираат за настани се безбедни објекти. Ова денеска го соопшти претседателот на ЗЕЛС, Орце Георгиевски, по средбата со градоначалниците на најголемите општини во државата.

Advertisements

Тој рече дека проверките ќе продолжат и во наредниот период и тоа не само во училиштата, градинките и јавните установи, туку Георгиевски препорача да се вршат строги контроли во сите општини во сите станбени објекти во однос на одржувањето на хидрантите и опремата за гасење пожар.

Според претседателот на ЗЕЛС, во наредниот период инспекторите ќе продолжат да бидат на терен и доколку некој инспектор отсуствува во општина, тој може да биде преместен од друга општина за да и помогне на таа општина./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button