СВЕТ

Герапетритис: Европа мора да прими деца од Газа

Европа има должност да прима деца кои се повредени и трауматизирани од војната во Газа сè додека трае конфликтот, изјави грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис за Ројтерс.

Герапетритис бара партнери за проект за привремено доведување на децата во Европската Унија и рече дека оваа недела разговарал за идејата со палестинскиот премиер Мохамад Мустафа.

„Треба многу јасно да се соочиме со оваа трагедија. Европа треба да биде отворена за повредените луѓе од Газа, но и за децата на кои сега им се заканува глад и други видови опасности“, рече Герапетритис.

На почетокот на овој месец Грција беше избрана за членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот помеѓу 2025 и 2026 година, а Герапетритис верува дека историските врски со арапскиот свет ѝ даваат на неговата земја кредибилитет да дејствува како посредник за мир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button