СВЕТ
Германија денеска решава дали ќе го продолжи „локдаунот“ до 18 април

Германија е подготвена да ја продолжи делумната блокада, станувајќи една од многуте европски земји што воведува нови ограничувања, бидејќи третиот бран на коронавирусот го напаѓа континентот.
Германската канцеларка Ангела Меркел и лидерите на сојузните држави ќе се состанат денеска на разговори за одговор на пандемијата, а локалните медиуми известуваат за нацрт-резолуција од канцеларијата на Меркел, која предлага продолжување на „локдаунот“ низ целата земја до 18 април.