
Германскиот парламент- Бундестагот го усвои жестоко оспоруваниот буџетза тековнава година. За ова на денешната седница гласаа 388 пратеници, а против беа 279. Буџетот поддржан од партиите во владејачката коалиција- Социјалдемократската партија (СПД), Зелените и Либералите (ФДП) предвидува издатоци од околу 477 милијарди евра. Планирани се и до 39 милијарди евра дополнителни задолжувања, што математички одговара точно на горната граница за нови долгови- таканаречената „сопирачка за задолжување“ која е пропишана во Уставот на Германија. Бундестагот, претходно, со мнозинството од владејачката коалицијата, веќе го донесе законот за буџетско финансирање, со кој законски се обезбедуваат мерките за штедење./DW