СВЕТ

Германија: Распоредувањето нуклеарно оружје во Белорусија е заплашување

Германија: Распоредувањето нуклеарно оружје во Белорусија е заплашување

Најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека нуклеарното оружје ќе биде стационирано во соседна Белорусија беше критикувано од германската влада, пишува Велт.

Весникот посочува дека синоќа Министерството за надворешни работи во Берлин оцени дека станува збор за „дополнителен обид за нуклеарно заплашување“.

„Споредбата на претседателот Путин со нуклеарното оружје на НАТО е погрешна. Тоа не може да послужи како оправдување за чекорот што го најави Русија. Покрај тоа, Белорусија даде неколку меѓународни изјави дека нема да има нуклеарно оружје“, соопшти Министерството.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера соопшти дека Москва ќе распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија, земја на прагот на Европската Унија.

– Нема ништо невообичаено во ова: САД го прават тоа со децении. Тие веќе долго време распоредуваат тактичко нуклеарно оружје на територијата на своите сојузници, рече Путин во интервју за руската телевизија.

– Се договоривме да го сториме истото, додаде тој, велејќи дека има согласност од Минск. – Веќе им помогнавме на нашите белоруски колеги и ги опремивме нивните авиони (…) без да ги прекршиме меѓународните договори за неширење нуклеарно оружје. Десет авиони се подготвени да користат такво оружје, рече Путин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button