ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Германската авто-индустрија на принуден одмор, импакт и во Македонија

Војната во Украина веќе има влијание и врз работата на странските инвеститори во Македонија. Сериозен удар врз функционирањето ќе добијат компаниите од автомобилскиот сектор. Но, има и индиректни негативни влијанија врз инвеститорите. Според компаниите сместени во индустриските зони, тоа се цените на енергенсите, инфлацијата и воздржаноста за купување нови возила во време на воени кризи.

Advertisements

„Од логистичка гледна точка за репроматеријали да влезат таму или да излезат од таму е речиси невозможно. И поради тоа компаниите, имаме најави од клиенти, дека затвораат на некој период од една до две недели. Колку тоа долго ќе трае, директно ќе влијае од она што ќе се случува во Украина“, рече Виктор Мизо, Претседател на здружение на компании со високо технолошко производство.

Властите велат дека ризик по бизнисот постои, но уверуваат дека справувањето со пандемијата и со предизвиците кои ги наметна енергетската криза се добар пример дека знаат да се справуваат со надворешни негативни влијанија врз домашната економија.

„Очекувам дека ризиците ќе имаат свои негативни последици. Меѓутоа повторно на крајот на годината поради фактот што нови капацитети што почнаа да се градат лани, ќе почнат со производство оваа година. Во обем повторно ќе имаме раст на извозот и на бројот на работни места и на платите“, рече Јован Деспотовски директор на ТИРЗ.

Странските инвестиции од земјава, според информациите, имаат мала соработка со компании од Русија или Украина. Но, опасноста за странскиот капитал во Македонија доаѓа од разрушените односи помеѓу Русија и Европската унија. Дел од германските автомобилски гиганти веќе најавија времено затворање на фабриките бидејќи дел од деловите им се произведуваат во Украина.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button