Германската полиција потврди дека уапсила 15-годишно момче во врска со нападот на фестивал во градот Солинген
Германската полиција потврди дека уапсила 15-годишно момче во врска со нападот на фестивал во градот Солинген

Германската полиција потврди дека уапсила 15-годишно момче во врска со нападот на фестивал во градот Солинген.
По крвавиот настан кој се случи синоќа, сè уште се утврдуваат мотивите за нападот и дека засега не може да се исклучи можноста дека станува збор за тероризам, пренесува „Гардијан“. Беше соопштено и дека идентитетот на напаѓачот засега останува непознат.
Полицијата, потврди дека во нападот се убиени двајца мажи и една жена. Двете машки жртви, според информациите се на возраст од 67 и 56 години, додека убиената жена е исто на возраст од 56 години.
Во нападот, кој бил извршен со нож, повредени се уште осум лица, од кои четворица потешко.
Полицијата ги повика граѓаните да избегнуваат шпекулациите за случајот и побара сите кои располагаат со некакви информации да ги достават преку официјалната линија за помош, наместо да ги објавуваат на социјалните мрежи.
Британскиот национален сервис Би-би-си пренесува дека тинејџерот бил приведен утрово откако две жени пријавиле дека слушнале разговор меѓу него и друго лице во кој зборувале за нападот.