КОШАРКАСПОРТ

Гершон Јабуселе се врати во НБА лигата, потпиша за Филаделфија

Францускиот кошаркар Гершон Јабуселе и официјално е нов играч на Филаделфија, соопшти НБА клубот. Французинот на тој начин ќе се врати во НБА лигата, каде од 2017 до 2019 година беше член на Бостон Селтикс и во две сезони одигра деведесет натпревари. Деталите од договорот на Филаделфија и францускиот ас не се откриени.

Advertisements

Јабуселе во последните три сезони го носеше дресот на Реал Мадрид и освои сè во европската кошарка, а неодамна го освои среброто на Олимписките игри во Париз со репрезентацијата на Франција, откако во финалето против Американците беше еден од најдобрите на теренот.

На олимпискиот турнир имаше просек од 14 поени и 3,3 скока, додека од поле шутираше 51,9%. Покрај за Реал Мадрид, Јабуселе играше во Франција за Асвел, Роан и Шалон, а во Кина играше и за Нанџинг Манки Кингс и Шангај Шаркс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button