ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гезим и Сузана се брачен пар во пензија кој целиот свој живот го посветиле на образованието и воспитувањето на младите генерации

Гезим и Сузана се брачен пар во пензија кој целиот свој живот го посветиле на образованието и воспитувањето на младите генерации

Гезим и Сузана се брачен пар во пензија кој целиот свој живот го посветиле на образованието и воспитувањето на младите генерации.

Advertisements

Гезим работел како наставник по физичко, додека Сузана како наставничка по албански јазик и литература.

„По 44 години, беше тешко да се прекине работата, се уште не сме се приспособиле и не можеме да прифатиме дека сме пензионери. Ни недостасува дневникот, нашите колеги, но и нашите ученици“, велат Сузана и Гезим Фида – пензионери.

Сега заедно уживаат во пензионерските денови и заедно секој ден излегуваат околу реката Вардар во Скопје, и се занимаваат со спортски активности.

Првиот предизвик со кој се соочуваат пензионерите по пензионирањето, според оваа двојка, е приспособувањето на пензионерскиот живот, но според нив, доколку управувате со времето, дури и овој предизвик може да се надмине.

„Првиот предизвик по пензионирањето е приспособувањето на пензионерскиот живот. После 44 години навикнување да поминувате половина од денот на работа и да се враќате, додека сте во пензија, се будите и не знаете што да правите, невозможно е да го поминете денот, но најдовме уште еден предизвик со вежбањето за здравје и тоа многу ни помага за нашето здравје и така го поминуваме денот, вежбајќи и излегувајќи со пријателите. Многу ми беше тешко, и денес ми недостигаат моите ученици, понекогаш велам го немам дневникот да слегувам да ги земам учениците во двор, ме фаќа носталгија кога ќе видам училиште, тешко го доживеав„, велат Сузана и Гезим Фида – пензионери.

Според последните податоци, кај нас имаме околу 340.000 пензионери, од кои 34 отсто земаат пензија од 15.000 до 19.500 денари, додека околу 8 отсто имаат пензија повисока од 39.000 денари. Поради недостиг од квалификуван кадар во образованието, претходните извршни администрации планираа да ја зголемат старосната граница за пензионирање, но тоа не е сторено./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button