ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гимназијата во Тетово без струја, Касами не префрла пари

Повторно судир помеѓу директорката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и градоначалникот на општината Билал Касами. Директорката Теута Љала го обвинува Касами дека ја довел гимназијата до економски колапс поради непуштање на средства, поради што од вчера гимназијата останала без осветлување.

„Енергетиката не е единствениот проблем во тетовската гимназија бидејќи во текот на цели шест месеци во гимназијата пристигнале дописи од извршители, оператори и разни соработници, кои законски бараат да бидат исплатени. И на крајот се одлучи преку извршување да се добијат средствата. И сега, по добивањето на ингеренциите од Министерството за образование, ќе почнат и други проблеми со распределбата на средствата на операторите на кои им должиме. Во декември сметките ги затворивме со нула денари долгови додека сега должиме 8,8 милиони денари“, рече Теута Лала, директорка на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ„- Тетово.

Од друга страна, Касами вели дека нема да префрли средствата бидејќи директорката Љала ги злоупотребила парите што го утврдила и ревизијата.

„Сум кажал и претходно и повторувам, не пуштам финансиски средства на институција која ја води директор кој има кривична тужба за злоупотреба на средства, што го констатирала и ревизијата, која констатирала сериозни прекршоци за користење на средства од блок дотации“, рече Касами.

Токму поради непуштањето блок дотации, Министерството за образование пред извесно време вторпат по ред ги презеде ингеренциите на првиот човек на општина Тетово Билал Касами врз гимназијата во Тетово, одлука, што, според првиот човек на општината, ќе поднесе тужба бидејќи Касами смета дека преземањето на овластувањата по втор пат претставува законско прекршување.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button