ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: Да се зграпчи моментумот и земјата брзо да се придвижи кон ЕУ

Евроамбасадорот Дејвид Гир потврди дека има нова динамика во процесот на проширување на Европската Унија, откако претходно еврокомесарот Оливер Вархеји најави дека годинава ќе се донесат клучни одлуки за членство на земјите-аспиранти. Гир порача да се искористи шансата, односно да се заврши неопходниот чекор – уставните измени, како и да се спроведуваат реформи.

Advertisements

„Ние сме во многу специјален историски момент, кога проширувањето е на врвот на ЕУ-агендата. Има нова динамика и нов моментум, што значи дека работите можат да се движат нанапред со голема брзина. Важно е дека оваа земја е дел од тој моментум и треба да се зграпчи моментумо што постои веднаш“, рече Гир.

Минатата недела еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кажа дека претстојат промени кои ќе доведат до поефикасен начин на проширувањето на Унијата, но не сподели детали каков би бил новиот план на Брисел. Вархеји истакна дека времињата се сменети и проширувањето ќе се забрза поради војната во Украина.

Денеска во Брисел се одржува совет на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата но и земјите од Западен Балкан на тема – ситуацијата во Украина, односите Косово-Србија, како и влијанието на Русија во регионот на Западен Балкан. На маргините на советот средба остварија шефот на дипломатијата Бујар Османи и Вархеји.

Двајцата разговарале и за уставните измени, но во моментов нема промена во политичката клима во земјава. Од СДСМ денеска повикаа ВМРО-ДПМНЕ да одлучи дали ќе се приклучи на проевропскиот блок или ќе остане, како што истакнаа, во заложништво на проруската Левица и во анти-европскиот блок. Od ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека земјава премногу долго правела отстапки и дека уставни измени во овој парламентарен состав нема да има. Ставот на партијата следуваше по повикот од германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, уставните измени да се изгласаат до септември.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button