Гир: Јасни се обврските на државата за гаранцијата за заштитата на воздушната навигација

При назначувањата во јавните институции, важно е тие да се прават врз основа на заслуга тоа значи – квалификација, вештини, искуство, а не врз основа на припадност на партија или некои лични врски. За различните тврдења во поглед на надворешните политички влијанија ги повикуваме властите да ги истражат и да делуваат во однос на резултатите од тие истраги, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, по последните случувања во М-НАВ.
Гир истакна и дека постојат обврски кога станува збор за воздушната навигација и обврските кон Европската унија во поглед на имплементирањето на тие обврски.
– Тука се вклучува гарантирањето на независноста на телото кое што е одговорно за воздушната навигација, а второто се однесува во поглед на регрутирањето и ангажирањето дека се исполнети правните прашања и оти човечките ресурси се користат на начин што ќе ја гарантира безбедноста, исплатливоста и ефикасноста на самата служба за водушна навигација, рече амбасадорот Гир.