ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: На патот кон ЕУ не се губи идентитетот, нема да има нов договор

Гир: На патот кон ЕУ не се губи идентитетот, нема да има нов договор

На патот кон ЕУ не се губат јазикот и идентитетот, кажа евроамбасадорот Дејвид Гир, коментирајќи го барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се усвои нова гаранција од страна на Советот на Европската Унија. Партијата во еден од условите за поддршка на уставните измени побара Советот да даде гаранции за македонскиот идентитет, култура и јазик, но Гир вели дека јазикот и онака е веќе во преговарачката рамка без никакви квалификации. Евроамбасадорот вели дека не треба да се очекуваат дополнителни гаранции од страна на Брисел.

„Не мислам дека е реално да се очекува било каков подобар договор со Бугарија освен тоа што беше договорено минатата година и резултираше со отворање на пристапните преговори во јули. Не треба да се очекуваат ниту нови договори, гаранции или дополнителни ветувања поврзани со пристапниот процес, вклучувајќи ги прашањата кои се споменуваат како што е идентитетотЌ, изјави Дејвид Гир – евроамбасадор.

На иста линија е и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој вели дека македонскиот идентитет е веќе гарантиран од страна на ЕУ. Тој воедно побара за сите предлози што ги даде власта, опозицијата да се изјасни во определен рок, односно до гласањето во Собранието за потребата за отворање на Уставот што власта го најавува за во наредните неколку недели.

„Ние работиме на две паралелни патеки – со опозицијата во целина и со пратениците во Собранието како ќе се отвора јавната дебата таму низ комисии и итн. Што значи дека до денот кога на пленарна седница ќе го има првото гласање опциите се отворени за да им договор со опозицијата по однос на уставните измени“, рече Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Османи сепак, не кажа кога би било ова прво гласање, кое всушност зависи од моментот кога Владата ќе ги испрати во Собранието предлог уставните амандмани.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button