МАКЕДОНИЈА
Гир не сакаше да го коментира барањето на Софија за промена во македонскиот Устав

Евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, запрашан за негов став во врска со барањето на Бугарија за промена на преамбулата на македонскиот Устав, рече дека тоа е прашање за коешто треба да се договорат двете земји меѓу себе.
„Тоа е предмет на дискусија која што ја водат двете земји. Тоа е нивна суверена одлука, не е мое да го коментирам тоа“, рече Гир.