ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: Носењето на уставните измени ќе значи напредок на земјата кон ЕУ

Носењето на уставните измени е суверена одлука на С Македонија, но штом таа биде донесена тоа автоматски ќе значи придвижување на земјата напред на патот кон Европската Унија, без други дополнителни одлуки коишто би се носеле во иднина, вели евроамасадорот Дејвид Гир.

Advertisements

Дали уставните измени ќе бидат донесени или не, според шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава е исклучиво во рацете на Собранието и на никој друг.

„Прашањето на уставните измени произлезе како дел од билатералниот договор со Бугарија и како што е веќе познато тоа прашање беше дел од договорот кој што беше постигнат во јули 2022 година. И токму тој договор ја отвори можноста Република Северна Македонија да може решително да се придвижи на нејзиниот европски пат со отворање на пристапните преговори, на што како резултата го имавме и отворањето на скрининг-процесот. Се разбира дека следниот чекор во овој процес зависи од уставните измени и тоа е прашање кое е во рацете на самата земја, во рацете на Собранието и на никој друг. Секако тоа е суверена одлука што треба да ја донесе земјата, но штом ќе се донесе таквата одлука веќе преминуваме кон следниот чекор што значи дека земјата продолжува да се движи напред на патот кон ЕУ, што значи дека нема има други дополнителни одлуки коишто треба да се носат понатаму“, изјави евроамбасадорот Гир

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button