ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: Позицијата на ЕК е јасна, сака да се одржат меѓувладините конференции и со С Македонија и со Албанија

озицијата на ЕК е апсолутно јасна, од самиот почеток Комисијата сака да види одржување на првите меѓувладини конференции и со Северна Македонија и со Албанија, што е можно побргу, рече евроамбасадорот Дејвид Гир кој испрати порака дека треба да се оди понатаму, но и потсети дека проширувањето е процес на заслуги.

Advertisements

Гир го повтори ставот на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, дека се работи на одржување на меѓувладините конференции за двете држави, а околу евентуалното одвојување на преговорите рече дека za тоа мора да го дебатираат земјите-членки. Во однос на спорот со Бугарија испрати порака дека ЕУ дава поддршка да се најде прифатливо решение.

„Во врска со билатералните прашања секогаш ги охрабруваме земјите да работат заедно за да се постигне заедничко прифатливо решение со цел да се продолжи напред. Прашавте околу раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија, мислам ова прашање беше покренато и повторно при посетата на еврокомесарот Вархеји и тој повторно кажа дека ЕК работи за да се постигне согласност за меѓувладини конференции за двете земји – и за Северна Македонија и за Албанија, меѓутоа, сè уште не сме стигнати до таму. Се разбира, одвојувањето е и прашање со кое треба да се занимава и Европскиот совет, тука се 27 земји членки кои треба да дебатираат за тоа прашање“, рече Гир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button