Гир: Регионалните иницијативи не се алтернатива за членство во ЕУ

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, на денешниот панел „Регионалните иницијативи и европската интеграција“, рече дека регионалните иницијативи не се алтернатива за членство во ЕУ, туку служат да се донесат клучни играчи за да отворат дискусија за прашања од заеднички интерес и сето тоа е поддржано од Унијата.
– Се наоѓаме во време кога имаме одреден моментум и динамизам. Постојано велиме дека добрососедските односи прават добар процес на евроинтеграција, тоа е столбот на евроинтеграцијата. Оваа држава има солидна репутација во регионот во промовирање на дијалог и соработка и безбедност. Пренесувајќи ги своите искуства на меѓународен план, ние го видовме ова преку Преспа форумот, а сега Северна Македонија беше и домаќин на Договорот помеѓу Србија и Косово, рече Гир.