Гир: Регулативата на ЕУ, што ќе стапи во август, забранува споделување верска и етничка припадност

Европското законодавство не познава етничка застапеност на личните карти. Амбасадорот на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, вели дека од август годинава во ЕУ, ќе се усогласи базата на лични податоци за сите земји . Според него, етничката припадност, политичката и верската во личните карти ќе бидат забранети, и дека Северна Македонија како земја што чека датум за преговори треба да го усогласи ова прашање со законите на ЕУ.
Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ : „Ова е дел од личните податоци, како што се етничко, политичко, верско или кое било друго потекло, а регулативите на ЕУ забрануваат такво нешто. Личните карти во ЕУ сè уште се усогласени со националните закони на секоја земја одделно, но законодавството што го спомнав предвидува личните карти да бидат вклучени во сеопфатната апликација за сите земји на ЕУ во август оваа година “.
Во меѓувреме, премиерот Заев ги отфрла тврдењата на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски дека поради забелешки на амбасадор на соседна земја бил блокиран законот.
Собранието технички ги одработува амандманите поднесени од Левица и засега нема закажано комисија за да се расправат по нив. Од Движењето Беса велат дека прашањето на личните карти е завршена работа, и тие не се откажуваат од предлогот по која било цена. Ниту ВМРО-ДПМНЕ не го смени ставот, кој преку амандман бара вклучување на националноста во личните карти, како услов за поддршка на законот.
Адриан Керими