ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: Скопје нема да биде блокирано за прашања од историјата или идентитетот

Северна Македонија нема да биде блокирана во иднина за прашања од историјата или идентитетот. Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, во емисијата 200 на Алсат рече дека Брисел „ветува“ оти ќе се фокусира само на спроведувањето на реформите.

„Она што јас можам да го кажам за овој случај е дека постои ветување од страна на ЕУ, фокусот да биде ставен на спроведувањето на реформите, бидејќи патот кон ЕУ е преку реформи. Затоа, секоја можна блокада ќе биде поврзана со реформите, а не со други прашања што влијаат на историјата или идентитетот што предизвикуваат загриженост“, рече Дејвид Гир во емисијата 200.

Според амбасадорот, немало и нема гаранции за ниту една земја која е во процес на преговори, бидејќи тоа зависи од завршувањето на неопходните чекори за членство во ЕУ.

„Значи… ако има гаранција? Во ниту еден процес нема гаранција, но од досегашното искуство кога ќе се погледнат земјите кои се приклучија, тие се соочија со многу сериозни прашања, вклучително и со своите соседи. Сетете се на Хрватска со Италија и многу други. Она што видовме е дека со текот на времето, како што процесот напредува и се воспоставува доверба, прашањата за вето почнуваат да избледуваат и фокусот останува на реформите и неопходните чекори за членство во ЕУ“, изјави Гир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button