ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир во Охрид: Изборот е ваш – ќе штитите дивоградби или природни убавини

На вас е да одлучите дали ќе се посветите на заштита на Охридскиот регион или на дивоградбите. Ваква порака упати евро амбасадорот Дејвид Гир. Ова доаѓа непосредно по најавената мониторинг мисија на тим на УНЕСКО на Охридскиот регион и одлуката дали Охрид ќе се најде на листата на загрозени подрачја.

Advertisements

„Што се однесува до самите препораки на УНЕСКО, имате две различни визии кои што се однесуваат на оваа локација. Првата визија е да се сочува сето природно и културно наследство со кое изобилува овој регион и локација каде туризмот ќе може да се развие, луѓето да можат да живеат и да го сочуваат сето свое богатство. И се разбира постои друга визија, а тоа нелегалниот див развој, или диви градби, една визија која ќе го уништи сето тоа што ние сакаме да го зачуваме, а тоа е природното и културно наследство кое постои тука“, рече Гир.

Од граѓанскиот сектор сметаат дека неконтролираната урбанизација и понатаму останува главен проблем.

„Ние како граѓански организации околу дваесет, ќе поднесеме иницијатива до УНЕСКО, мерка, според законот, да и се одземат надлежностите на советот на град Охрид за урбанизаицја за висококатниците, не за индивидуалните објекти, како една од мерките. Според законот одговорноста нека ја преземе Министерството за транспорт и врски на едно повисоко ниво.Ќе продожиме мерка да и се одземат надлежностите на Советот за 5 години“, рече Никола Киселинов, граѓански активист.

Во септември годинава, УНЕСКО на 45-та сесија во Кина треба одлучува по извештаите што ќе ги подготви мониторинг мисијата.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button