Главниот обвинител одговори на секојдневните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за недејствување кон криминалот и корупцијата
Главниот обвинител одговори на секојдневните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за недејствување кон криминалот и корупцијата

Откако се соочи со обвиненија за недејствување и разрешување, се чини дека главниот обвинител Љупчо Коцевски ги сфати работите посериозно. Оттаму најавуваат дека ќе се зголеми активноста на истражните органи, особено во борбата против корупцијата.
„Обвинителот презема чекори за сериозна реорганизација на силите на Јавното обвинителство што овозможува поефикасно кривично гонење на сторителите на кривични дела, особено во областа на финансискиот криминал и корупцијата„, велат од Јавно обвинителство.
• Обвинителството, реорганизирање на силите
• Делата, од областа на финансискиот криминал и корупцијата
Главниот обвинител Коцевски ги ангажираше сите јавни обвинители, итно давајќи им приоритет на предметите за кривични дела од областа на корупцијата од јавен интерес. За ова, сите обвинители имаат обврска да ги ажурираат предметите во поглед на проверка на прекршоците преземени со наредбите и барањата за одговори од други институции. Доколку има одложувања во одговорите, обвинителот ќе повика на итна акција. Обвинителството ги ангажираше јавните обвинители, но и вишите јавни обвинители од сите обвинителства, во рок од 10 дена да одржат состанок на кој ќе се разгледа обемот на работа на обвинителствата во однос на предметите со корупција, предизвиците за постапување и предлозите за нивно надминување.
Визрт – Јавно обвинителство
(извештај за преземените активности) (надзор на работата на обвинителите)
За сите овие активности ќе се доставуваат извештаи до јавниот обвинител на Република Северна Македонија, а доколку се констатираат неоправдани доцнења во постапките ќе се врши вонреден надзор над постапувањето на конкретните јавни обвинители.
• Извештаи до Јавниот обвинител
• Вонреден надзор
Обвинителството вели дека е поведена дисциплинска постапка против еден јавен обвинител и виш обвинител од Вишото јавно обвинителство во Скопје. Ваквата реакција доаѓа по обвинувањата на ВМРО, дека Коцевски шест месеци не покренал ниту еден предмет за гонење организирани криминални дела./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу